На почетокот на месец мај 2026 година, на островот Крф во Грција се одржаа манифестациите по повод Деновите на грчко-српското пријателство, со учество на Српската Православна Црква и Црквата на Грција.
Беше отслужен помен за српските војници на островот Видо, каде што се наоѓа мавзолејот на загинатите. Во саботата, на 2 мај, на истото место беше отслужена Божествена Литургија со учество на голем број верници и присуство на официјални претставници на српската држава и на локалната самоуправа.
Во Неделата на раслабениот, на 3 мај, беше отслужена архијерејска Литургија во храмот „Свети Спиридон“ на островот Крф, на која началствуваше архијерејот-домаќин, Митрополитот на Крф г. Нектариј, во сослужение со викарниот Епископ Диоклиски Паисиј од Српската Православна Црква, игуменот на светогорскиот манастир Хиландар, архимандрит Методиј и свештенослужители од Српската и од Грчката Црква.
Во беседата на Литургијата беше нагласено дека искушенијата не претставуваат безизлез, туку можност за духовно созревање. Како што беше истакнато, „светлината на Воскресението не се ограничува само на еден празник, туку е повик секојдневно да го води животот на човекот“.
Манифестациите завршија со размена на пригодни подароци во атмосфера на братска љубов.







