Сослужување во Токио

На 30 ноември, во 25-та недела по Педесетница, митрополитот Токиски и на цела Јапонија Серафим и претседателот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската Патријаршија, митрополитот Волоколамски Антониј, отслужија Божествена Литургија во Подворјето на Руската Православна Црква – во храмот на благоверниот кнез Александар Невски во Токио.

Меѓу сослужителите беа: настојателот на Подворјето – протојереј Николај Кацјубан, протојереј Јован Нагаја, јеромонах Николај (Оно), помошникот на претседателот на Одделот – свештеник Александар Ершов, протоѓаконите Јован Фануракис и Јаков Нагаја.

Божествената Литургија се служеше на црковнословенски и на јапонски јазик.

По Големиот вход митрополит Антониј изврши презвитерска хиротонија на ѓаконот Павел Кацјубан.

По завршувањето на Литургијата митрополитот Антониј топло го поздрави Предстоителот на автономната Јапонска Православна Црква, свештенството и парохјаните на подворјето, во името на Неговата Светост Патријархот Московски и на сета Русија Кирил.

По благослов на Патријархот, митрополит Антониј им врачи награди на настојателот на Подворјето, протоереј Николај Кацјубан и на протојереј Јован Нагаја, како признание за нивните трудови за доброто на Светата Црква и по повод значајни годишнини.

Протојереј Николај Кацјубан е одликуван со Патријаршиска грамота.

Со Орденот на рамноапостолниот кнез Владимир (III степен) е одликуван протојереј Јован Нагаја, кој го одбележа својот 75-годишен јубилеј од раѓањето, како и 45-годишнината од своето служење во свештенички чин.

Со поздравно слово кон учесниците во богослужението се обрати и митрополит Серафим.

Извор: https://mospat.ru/ru/news/93807/