Познати се тројцата кандидати за Грузиски Католикос-Патријарх

Денес, вторник, 28 април 2026 година, заседаваше Светиот Синод на Грузискат Патријаршија под претседателство на местобљустителот на Патријаршискиот престол, митрополитот на Сенаки и Чхоротску г. Шио, и пристапи кон избор на три членови, од кој ќе биде избран новиот Патријарх на Грузија.

По гласањето, со мнозинство гласови беа избрани: митрополитот на Сенаки и Чхоротску г. Шио, митрополитот на Руиси и Урбниси г. Јов и митрополитот на Поти и Хоби г. Григориј.

Гласовите беа распределени вака: митрополитот на Сенаки и Чхоротску г. Шио доби 20 гласа, а митрополитите на Руиси и Урбниси г. Јов и на Поти и Хоби г. Григориј добија по 7 гласа секој.

Обраќајќи се пред претставниците на медиумите, раководителот на Службата за односи со јавноста на Патријаршијата на Грузија, протопрезвитерот о. Андреј Џагмаидзе, изјави дека меѓу кандидатите биле и Преосвештениот епископ на Цалка г. Григориј, Преосвештениот епископ на Белгија и Холандија г. Доситеј и Преосвештениот епископ на Маргвети и Убриша г. Мелхиседек.

Седницата се одржа со учество на вкупно 38 архиереи и започна со отслужување на мал помен за покој на душата на блаженоупокоениот Патријарх на Грузија, Илија II.

Се потсетува дека изборната постапка за нов Патријарх се спроведува по одржувањето на 40-дневниот помен за Патријархот Илија II, кој беше извршен во сабота, на 25 април 2026 година.

Постапка

Според Уставниот акт што ја уредува управата на Грузиската Црква, местобљустителот на Патријаршискиот престол е должен да го свика Синодот во најкраток можен рок, најдоцна во рок од два месеци по упразнувањето на Патријаршискиот престол.

Пред Проширениот Синод, како што е предвидено со Уставот, заседава Светиот Синод за да ги избере кандидатите за Патријарх.

Кандидатот треба:

* да биде државјанин на Грузија

* да биде епископ на Грузиската Православна Црква

* да има богословско образование и значително искуство во црковната управа

* да биде на возраст меѓу 40 и 70 години

* да биде монах

Светиот Синод избира тројца кандидати кои ќе бидат предложени на Проширениот Синод.

Секој член на Синодот има право да предложи еден кандидат за Патријарх, вклучително и самиот себе.

Тројцата епископи кои ќе добијат најголем број гласови во Синодот стануваат кандидати за Патријаршискиот престол на Проширениот Синод.

Доколку ниту еден кандидат не добие повеќе од половина од гласовите во првиот круг, се одржува втор круг, во кој учествуваат двајцата кандидати со најмногу гласови од првиот круг.

Право на глас при изборот на Католикос-Патријарх имаат само епископите. Кандидатот што ќе добие повеќе од половина од гласовите на присутните епископи ќе се смета за избран Католикос-Патријарх на цела Грузија.

Извор: https://www.orthodoxianewsagency.gr/patriarxeia/patriarxio_georgias/katartistike-to-triprosopo-gia-tin-eklogi-tou-neou-patriarxi-georgias/