Во особено срдечна атмосфера, новиот градоначалник на Александрија, г. Ахмед Халет, на 1 август 2024 година, го прими Неговата Светост Папата и Патријархот Александриски и цела Африка г.г. Теодор II, во неговата резиденција.
Александрискиот градоначалник му ги пренесе на Неговото Блаженство поздравите од Претседателот на Арапската Република Египет г. Абдел Фатах Ел Сиси, и го увери Александрискиот Поглавар дека ќе имаат одлична соработка во иднина.
Благодарејќи му преку г. Ахмет Халет, на египетскиот Претседател, Неговата Светост му посака плоден и мирен мандат со единствена цел – унапредување на славниот Голем Град.
Исто така, тој изрази големо задоволство за трилатералната соработка помеѓу Египет, Грција и Кипар, во корист на народите и целиот Медитеран. „Грците, Кипарците и Египќаните ги здружуваат рацете и нашето пријателство се капе во водите на Медитеранот“, истакна Неговото Блаженство. „Египет беше силна, гостопримлива, прогресивна и плодоносна земја уште од времето на фараоните и библиските времиња, прекрасна, благословена и пред сè безбедна земја, која ја сакаме и ја чувствуваме како наша втора татковина“, заклучи тој.
Градоначалникот му подари амблем на Големиот Град Александрија на Патријархот, нарекувајќи го „истакнат и сакан сограѓанин“, кому му благодари за сè што прави за Египет и за народите на светот, истовремено изразувајќи ги своите топли поздрави до Грците од Александрија.
Емотивен момент беше кога Александарискиот патријарх дозна дека сопругата на градоначалникот потекнува од неговото родно место – островот Крит.