Средба на Антиохискиот Патријарх со епископите и свештениците од Дамаск и околината

Неговото Блаженство, Патријархот Антиохиски и на целиот Исток г.г. Јован X, на 14 декември годинава се сретна со епископите и свештениците на епархијата на Дамаск и околината, во патријаршиската резиденција во Дамаск – известува Антиохиската Патеријаршија.

За време на средбата се разговараше за предизвиците во служењето на Црквата во ова чувствително време низ кое поминува нашата татковината – Сирија. Беше нагласена улогата на свештениците во нивната пожртвуваност за служење на верниците, зајакнување на нивната доверба во милоста Божја и потпирање на Него, како и за нивната поддршка и утеха на народот, давајќи им надеж.

Свештениците беа повикани да бидат пример и модел на одговорност, разумност, солидарност и здружување на напорите за зачувување на сведоштвото и единството на Црквата. Исто така, беше истакната важноста од засилување на молитвите и обраќањата кон Младенецот од пештерата, особено во претстојната празнична сезона, за зачувување на мирот и единството во земјата на мирот, што ќе биде во корист на сите жители на саканата Сирија.

Извор: https://www.facebook.com/Antiochpatriarchate.org