На 19 јануари 2025 година во Дамаск, Сирија, викарните епископи на Антихискиот Патријарх, Нивните Преосвештенства Роман (Ал-Ханат) и Муса (Ал-Хури) учествуваа на средба со делегација на Арапската лига, предводена од Неговата Екселенција помошник-генерален секретар Хусам Заки, во седиштето на Сиријско-православната (јаковитска) Патријаршија. Средбата се одржа под покровителство и во присуство на поглаварот на Сириско-православната (јаковитска) црква, Патријархот г. Игнатиј Ефрем Втори – известува Антиохиската Патријаршија.
За време на средбата, по поздравниот говор на Патријархот за „Новата Сирија“ и обраќањето на помошник-генералниот секретар г. Хусам Заки, епископот Роман ја истакна историската улога на Сирија и, особено на Христијаните во основањето на Арапската лига. Тој го нагласи и значењето на арапската солидарност во обединувањето на напорите за зачувување на достоинството и правата на секој сириски граѓанин, без оглед на неговата верска припадност.
Присутните ја оценија како значајна улогата на Арапската лига во поддршката на стабилноста во регионот и нејзините напори арапско единство во насока на изготвување праведен и инклузивен сириски устав за сите граѓани.

