На 29 септември 2025 година, во Солун, Грција, Бугарскиот патријарх Даниил се сретна со Цариградскиот патријарх Вартоломеј. На средбата беа разгледани вековните духовни врски меѓу Цариградската патријаршија и православниот бугарски народ. Беа истакнати исклучително добрите односи меѓу Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија и Цариградската патријаршија, како и други прашања од меѓуправославен карактер.
Патријарх Даниил и патријарх Вартоломеј се обединија околу големото значење на богословското образование во современата епоха.
Бугарскиот патријарх Даниил ја изрази својата надеж дека богословијата на островот Халки, близу Истанбул, која веќе 54 години е затворена, ќе биде повторно отворена. Средбата траеше повеќе од еден час и помина во дух на братска љубов и срдечност. Двајцата патријарси си разменија симболични подароци – известува интернет страницата на Бугарската Патријаршија.
По покана на Архиепископот Атински и на цела Грција, Јероним II, Бугарскиот патријарх учествува на Втората меѓународна научна конференција, посветена на стогодишнината од списанието „Теологија“, на која треба да одржи предавање за современите технологии, вештачката интелигенција и нивното влијание врз човечкиот живот.
Извор: https://bg-patriarshia.bg/news/sreshta-na-balgarskia-patriarh-daniil-s-vselenskia-patriarh
