Цариградскиот Патријарх Вартоломеј на 8 мај 2025 година оствари средба со Премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, во просториите на Премиерот, во Атина.
На средбата Патријархот нагласи:
„Ви ги пренесувам добрите желби и благословите од Мајката Црква и поздравите од архијереите од Фанар. За мене и за мојата придружба е посебна радост што повторно сме во Грција, по повод 150 години од храмот што ни го подаривте и што денес го имаме во центарот на Атина. Ова е можност повторно да го видиме Вашето драгo лице, Вашите соработници, да размениме мисли за заедничките прашања и да се вратиме зајакнати во нашето седиште.“
Премиерот Киријакос Мицотакис му возврати:
„Вашата посета секогаш ни дава сила, храброст и поддршка да продолжиме по тешкиот пат на целокупното обновување на татковината. Повторно ве пречекувам во палатата ‘Максиму’, пренесувајќи ги чувствата на сите Грци и Гркинки кон Вас и кон значајното дело што го вршите. Доаѓате во радосен миг, но секоја ваша посета е можност да ги разгледаме и пошироките прашања што ја засегаат нашата област. Знам дека имате и ставови и храброст да ги изразите, што, верувам, сите го ценат. Со љубов, и од страна на мојата сопруга, ве поздравувам во Атина.“
Патријархот потоа му подари на премиерот потпишана фотографија од нивната заедничка средба со г-ѓа Марева Грабовски-Мицотакис во Ватикан.
Средбата се одржа во срдечна атмосфера и се разговараше за прашања од заемен интерес.
Извор: https://ec-patr.org/συνάντηση-του-οικουμενικού-πατριάρχ-23/