На 4 август 2026 година, во просториите на Цариградската Патријаршија на Фанар, Цариградскиот патријарх Вартоломеј, оствари средба со претседателот на Владата во егзил на Автономната Република Абхазија, Ѓорѓи Џинчарадзе.
За време на средбата, соговорниците имаа можност да разговараат за актуелни прашања. Џинчарадзе истакна дека иницијативата на Цариградскиот патријарх да отпатува во Тбилиси за погребот на блаженоупокоениот архиепископ Мцхета-Тбилиски, митрополит на Бичвинта и Сухуми-Абхазија и католикос-патријарх на цела Грузија, Илија II, предизвикала силни емоции кај народот – известува интернет страницата на Цариградската Патирјаршија.
Цариградскиот патријарх повторно се осврна на личноста на блаженоупокоениот патријарх Илија II, како и на добрата комуникација со неговиот наследник, Грузискиот католикос-патријарх Шио III, кој наскоро се очекува да го посети Фанар.
На средбата присуствуваа и архимандритот Илија Џинџолава, парох на грузиската православна заедница во Истанбул, соработници на Џинчарадзе, како и генералниот конзул на Грузија во Истанбул, Александре Џишкаријани.
Извор: https://ec-patr.org/05/08/11/15/o-epi-kefalis-tis-kyverniseos-tis-ayto-2/
