Средба на Цариградскиот Патријарх Вартоломеј со украинскиот претседател Зеленски во Швајцарија

Фотографија: euronews

На маргините на Самитот за мир во Украина, кој се одржува на 15 и 16 јуни 2024 година во Швајцарија, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се сретна со Цариградскиот Патријарх Вартоломеј, кој е единствениот верски лидер што беше повикан и учествува на оваа меѓународна конференција, по официјална покана на претседателката на Швајцарија, Виола Амхерд.

Украинскиот претседател се заблагодари на Неговата Светост за поддршката на неговата земја, „молитвата за мир и помошта кон Украинците, кои страдаат од руската агресија“.

„Многу е важно што сте со нас денес на Самитот за мир. Ви благодариме за вашата хуманитарна поддршка, особено во однос на враќањето на украинските деца и размената на затвореници. Ова е многу важно за нас“ – изјави Володимир Зеленски.

Претседателот особено ги истакна напорите на Патријархот Вартоломеј за промовирање на развојот и зајакнувањето на православието во Украина и за дијалогот со црквите во светот и државите-партнери по ова прашање.

Патријархот Вартоломеј беше придружуван од Митрополитите Емануил Халкидонски и Максим Швајцарски, како и од високиот црковен службеник Аетиос, шефот на патријаршискиот кабинет.

Извор: https://fosfanariou.gr/index.php/2024/06/15/synantisi-ecum-patr-me-oukrano-proedro-zelenski-stin-elvetia/