Во саботата, на 4/17 август 2024 година, Министерот за семејство на Романија, г-ѓа Наталија Интотеро, во придружба на мала делегација и претставникот на Романската патријаршија во Ерусалим, о. Јован, го посетија Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски г.г. Теофил, и ги побараа неговите свети молитви и благослови за нејзината татковина, нејзината придружба и лично за неа, особено во нејзината функција на Министер за семејство за семејствата во нејзината татковина.
Патријархот топло ја прими г-ѓа Интотеро и ја пофали нејзината храброст што и покрај сегашната продолжена воена состојба сепак дошла да ги посети Светите Места. Тој детално се осврна за работата на Патријаршијата, особено во областа на Газа и манастирот „Свети Порфириј“, велејќи дека „ние како Црква имаме моќно оружје – молитвата и поттикнувањето на дијалог, мир и помирување“.
Неговото Блаженството особено ја истакна мисијата на Црквата да ги промовира вредностите на Светото Писмо во секуларизираниот свет, кој промовира начела што се спротивставуваат на човечката природа и ја поткопуваат институцијата на семејството.
При оваа посета, Патријархот ѝ подари на г-ѓа Интотеро крст, икона на Богородица и сребрена табла со слика од Ерусалим, а на нејзината придружба благослови од Ерусалим, и ѝ посака успех во нејзината богоугодна работа за поддршка на институцијата на семејството, известува канцеларијата на Ерусалимската патријаршија
Извор: https://jerusalem-patriarchate.info/η-επισκεψισ-τησ-υπουργου-τησ-οικογενε/