Архиепископот Диселдорфско-берлиснки и митрополит Германски Григориј, од Српската Православна Црква, на 7 август 2026 година во Киев се сретна со поглаварот на Украинската Православна Црква, митрополитот Киевски и на цела Украина Онуфриј. Нивната средба траела речиси пет часа и, како што се наведува, поминала во атмосфера на братска љубов, меѓусебна доверба и длабок духовен разговор, пренесува германската редакција на Сојузот на православни журналисти.
По средбата, митрополитот Григориј ги сподели личните впечатоци од разговорот со митрополитот Онуфриј, истакнувајќи го силниот духовен впечаток што средбата го оставила врз него. Според неговите зборови, за време на разговорот имал чувство „како да сум ја исповедал својата душа пред светител“. Митрополитот Григориј токму во таа средба го препознал, како што истакна, вистинското значење на своето долго патување до украинската престолнина.
„Светите луѓе навистина треба да се бараат – дури и ако поради тоа треба да се обиколи целиот свет“ – порачал митрополитот Григориј, говорејќи за својата средба со поглаварот на Украинската православна црква.
Средбата на двајцата архијереи се одржа во време на сложени околности во кои се наоѓа Украинската православна црква, а разговорот меѓу митрополитот Григориј и митрополитот Онуфриј пред сè бил посветен на личната и духовната средба.
Претходно, на 4 и 5 август 2026 година, митрополитот Григориј ја посети Сумската епархија на Украинската Православна Црква. Целта на посетата била да им пружи духовна поддршка на свештенството и верниците кои страдаат од последиците од воените дејствија, како и да изрази солидарност со митрополитот Сумски и Охтирски Евлогиј во врска со неговото судење – соопшти Сумската епархија.
За време на посетата, архијереите воделе братски разговор, а митрополитот Григориј ги посетил клучните свети места во епархијата – црквата „Преображение Господово“ и соборниот храм „Света Троица“ во Суми.



Извор: https://orthodoxnews.de/de/nachrichten/88458-metropolit-grigorije-traf-metropolit-onufrij-in-kiew
