Средба на поглаварот на Руската Задгранична Црква со претставник на Московската Патријаршија

На 7 мај 2026 година, во манастирот на преподобниот Јов Почаевски во Минхен, Германија, се одржа средба меѓу претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија, митрополитот Волоколамски Антониј, и претстоителот на Руската задгранична Православна Црква, митрополитот Источноамерикански и Њујоршки Николај.

Во разговорот, кој поминал во топла братска атмосфера, учествувале и митрополитот Берлински и Германски Марко и епископот Штутгартски Јов, а по завршувањето на средбата, страните размениле спомен-подароци.

Истиот ден, митрополитот Антониј учествувал на меѓународната научна конференција „Наследство и призив“, посветена на 100-годишнината од Германската епархија на Руската задгранична Црква.

На конференцијата учествувал и архиепископот Рузски Тихон, надлежен архиереј на Берлинско-германската епархија на Руската Православна Црква.

Настанот се одржал во историскиот замок Блутенбург во околината на Минхен.

Извор: https://mospat.ru/ru/news/94257/