Средба на православната младина во Сирија

На 3 септември 2026 во манастирот „Свети Георгиј“ –  Хумерски, во Сирија започна првиот ден од средбата „Ana Icon“ („Јас сум икона“), со учество на околу 80 млади мажи и жени од различни сириски епархии.

Настанот започна со прием за добредојде, кој носеше јасна порака: подготовките можат да бидат целосни само со присуството на младите, кои се срцето на средбата.

Потоа учесниците имаа можност да го разгледаат манастирот, по што следуваше духовното отворање на настанот со вечерната богослужба и официјалното отворање.

Неговото Преосвештенство патријаршискиот викар, епископот Романос ал-Ханат, ја претстави средбата, објаснувајќи ја целта на овие патријаршиски собири, кои се одржуваат со благослов на Неговото Блаженство Антиохискот патријарх Јован. Учесниците исто така слушнаа сведоштва од млади кои учествувале во ова искуство во претходните години и зборуваа за неговото трајно влијание врз нив.

Потоа започнаа да се формираат тимовите, а за време на вечерната средба на делегациите, секоја делегација го изрази идентитетот на својата епархија на свој уникатен начин, преку радост, креативност и различни таленти.

Првиот ден го означи почетокот на приказната: приказна за млади луѓе кои се собираат и заедно, рамо до рамо, ја бараат вистината, содржана во зборовите на химната на средбата: „Барај во Битие и ќе видиш, Прашај Го својот Создател: Кој треба да бидам? Бог толку го возљуби и одново го обликуваше светот, Неговиот Дух ја оживеа глината за тебе.“

Средбата ќе трае до 6 септември.

Извор: https://www.facebook.com/share/p/1DvWtKi6hK/