Средба на претставници на Српската православна црква и на Коптската црква

Со благослов на Српскиот патријарх Порфириј, викарниот епископ Топлички Петар, на 8 април 2025 година, во Парохискиот дом на храмот „Свети Сава“, во Белград, разговараше со епископот за Централна Европа на Коптската црква г. Ѓовани и со амбасадорот на Арапската Република Египет ви Србија г. Басел Салах.

Тема на разговорот беше претстојната посета на поглаварот на Коптската црква, Тавадрос II на Србија, која ќе се случи на почетокот на мај оваа година на покана и во организација на државните власти на Србија.

По тој повод, епископот Ѓовани и амбасадорот Салах ја пренесоа желбата на поглаварот на Коптската (дохалкидонска) црква, која брои околу дванаесет милиони коптски христијани, главно населени во Египет, да се поклони на светињите во српската престолнина и при таа прилика да се сретне со патријархот Порфириј.

На средбата присуствуваа и: архимандрит Нектариј – главен секретар на Светиот Архиерејски Синод, протојереј Ѓорѓе Стојисављевиќ – шеф на кабинетот на Српскиот патријарх, коптскиот свештеник Јусуф Халил, г. Ибрахим Хамза – советник на Амбасадата на Арапската Република Египет во Србија, г-ѓа Марија Радосављевиќ – координатор за јавна дипломатија при Амбасадата на Египет и г. Младен Андрејиќ – службеник на кабинетот на Српскиот патријарх. 

Извор: https://spc.rs/sr/news/aktuelno//13711.vladika-petar-razgovarao-sa-koptskim-episkopom-dovanijem.html