Средба на Рускиот Патријархот Кирил со Претседателот на Венецуела Мадуро

На 8 мај 2025 година, Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил се сретна со Претседателот на Боливарската Република Венецуела Николас Мадуро во Патријаршиската и Синодска резиденција во Даниловскиот манастир во Москва.

Изразувајќи задоволство што повторно го гледа Николас Мадуро во Москва, Патријархот Кирил рече:

„Со топлина се сеќавам на нашата средба во Каракас во октомври 2008 година. И секако, чувам драги спомени и на вашиот претходник, Уго Чавес. Сега дојдовте лично да присуствувате на прославата на 80-годишнината од Победата на нашата земја во Големата Татковинска војна. Тоа сведочи за вашата доблест и разбирање на клучната улога што ја одигра Русија во победата над фашизмот. Никогаш не заборавивме дека вашата земја, тогаш не толку силна, сепак, се спротивстави на агресијата на Германија и во декември 1941 година ги прекина дипломатските односи, а подоцна ѝ објави и војна. Тоа беше храбар и достоинствен чин.“

Осврнувајќи се на причините за обидите да се ограничи развојот на Русија од страна на надворешни сили, Патријархот Кирил рече дека е погрешно да се мисли дека сè се сведува на идеолошки судир меѓу капитализмот и социјализмот. И покрај економските и општествените реформи, Русија сè уште се соочува со непријателство, бидејќи нуди алтернативна визија за цивилизацискиот развој.

„Ние се залагаме не само за економски напредок, туку и за принципот на праведност. Тоа е длабоко вкоренето во нашата култура и вера. Затоа и има тензии со некои западни земји.“

Во своето обраќање Претседателот Мадуро, меѓу другото, истакна:

„Ми беше важно да дојдам на прославата на 80 години од Победата во Големата Татковинска војна – тоа е прашање на правда. Треба да бидеме благодарни на народите на СССР што се жртвуваа за да го спасат светот од нацизмот и фашизмот. Каков ќе беше светот ако тие победеа? Тоа е незамисливо. Победата од пред 80 години е најголемата во историјата.“

Извор: https://mospat.ru/ru/news/93208/