Средба на сопругите на свештениците во Варшавско-Биелската епархија во Полска

На 30 мај 2024 година, во манастирот „Св. Марта и Марија“ на гората Грабарка, во Полска, се одржа годишна средба на сопругите на свештениците од Варшавско-Биелската епархија на Полската православна црква.

Средбата започна со Литургија, на која началствуваше Семјатичкот епископ Варсануфиј. На богослужбата присуствуваа: поглаварот на Полската црква, Митрополитот Варшавски и на цела Полска Сава и Хајновскиот епископ Павел.

Пред почетокот на средбата, Митрополитот Сава се осврна на предизвиците, кои современиот свет ги поставува пред секој христијанин. Тој нагласи дека семејството на свештеникот треба да биде пример за задлабочување во духовниот живот на лично, на семејно и на парохиско ниво. Од свештеничкото семејство ова бара свест и одговорност за секое однесување и за секој збор. „Потребни се многу мудрост, разум и расудливост за да обединуваме, а не да разделуваме“ – нагласи поглаварот на Полската црква.

Темата на овогодишната средба беше: „Мојата проценка, како презвитера, за промените што се одвиваат во современиот православен свет. Предлози“. Главното обраќање го имаше презвитерата (сопруга на свештеник) Елизабета Алекшјук од Варшава. Потоа говореше презвитерата Ева Жуковичка од Орла.

Извор: https://www.orthodox.pl/spotkanie-matuszek-diecezji-warszawsko-bielskiej-3/