Неговата Светост Српскиот патријарх г.г. Порфириј, на 25 февруари 2025 година во Патријаршијата во Белград, укажа гостопримство на висока делегација на Руската Православна Црква, составена од Неговото Високопреосвештенство митрополитот Волоколамски г. Антониј, претседател на Одделот за надворешни црковни односи на Московската Патријаршија, и протојереј-ставрофор Николај Балашов, советник на патријархот Московски и на сета Рус.
Во братскиот разговор со уважените гости, покрај Патријархот Порфириј, учествуваа и Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Бачки г. Иринеј, и протојереј Ѓорѓе Стојисављевиќ, Шеф на кабинетот на Српскиот патријарх.
Во текот на денот, поглаварот на Српската Православна Црква во телефонски разговор со Неговата Светост патријархот Московски и на сета Рус г.г. Кирил, размени мислења за предизвиците со кои се соочува Православната Црква и изрази надеж за брзо и мирно завршување на судирите и антагонизмите – се вели во известувањето од Српската православна црква.
