На 15 октомври во Одделот за надворешни црковни врски на Руската православна црква, во Москва се одржа средба помеѓу претседателот на Одделот, Митрополитот Волоколамски г. Антониј и претседателот на Конференцијата на католичките бискупи на Италија, специјалниот пратеник на Папата за мирно решавање на ситуацијата во Украина, кардиналот Матео Зупи и делегацијата што го придружуваше, меѓу чии членови беше и Апостолскиот нунциј во Руската Федерација, архиепископот Џовани Д’Ањело.
На средбата исто така учествуваа и замениците на претседателот на Одделот, архимандритот Филарет (Булеков) и протојерејот Игор Јакимчук.
Митрополитот Волоколамски Антониј ги поздрави гостите во име на Неговата Светост Патријархот Московски и на сета Рус г.г. Кирил.
За време на разговорот, страните дискутираа за хуманитарните проблеми поврзани со конфликтот во Украина, како и за други прашања од заеднички интерес.