На 21 март 2026 година, во Соборниот храм „Воскресение Христово“ во Јапонскиот главен град Токио, се одржа средба меѓу претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската патријаршија, митрополитот Волоколамски Антониј, и Претстојателот на Јапонската автономна православна црква, Архиепископот Токиски и Митрополит на цела Јапонија, Серафим.
Претходниот ден, владиката Антониј пристигна во Јапонија во кратка работна посета, по благослов на Неговата Светост Патријархот Московски и на сета Рус Кирил.
Во текот на средбата, митрополитот Антониј му ги пренесе на митрополитот Серафим срдечните поздрави од името на Неговата Светост, како и честитки по повод претстојниот јубилеј.
Соговорниците, исто така, разговараа за различни прашања поврзани со положбата на Православието во Јапонија – се вели во известувањето од Одделот.

