На 29 јануари 2026 година официјалната интернет страница на Српската Православна Црква извести дека од почетокот на оваа година, а особено на празникот на светиот Сава, првиот Српски архиепископ, различни медиумиски ресурси на Српската Патријаршија биле мета на софистицирани напади. „Низата вешто организирани и софистицирани напади… се одвиваат паралелно со нескриената црковна хајка преку одредени печатени и електронски медиуми“ – се вели во известувањето.
Други црковни медиуми на Српската Патријаршија известуваат дека на 27 и 28 јануари годинава на интернет страницата на Српската Црква ѝ било оневозможено нормално функционирање. Денес повторно сите ресурси се достапни и функционираат исправно.
„Информативната служба на Српската Православна Црква и во новонастанатите околности продолжува со сите свои активности според одамна утврдената медиумска програма на Црквата, најдобро изразена со зборовите што Господ им ги упати на Своите ученици: Она што ви го зборувам во темнина, кажувајте го на виделина; и она што ви се шепоти на уши, проповедајте го од покривите!“ – завршува официјалното соопштение.
Извор: https://spc.rs/sr/news/aktuelno//15623.sofisticirani-napadi-na-srpsku-pravoslavnu-crkvu.html
