Српската Православна Црква објави дека издала богослужбена книга: Типик – богослужбени напомени за 2025 година во форма на мобилна апликација, која може бесплатно да се преземе за Андроид и Ајфон уредите.
Оваа апликација е изработена со благослов на Светиот Архиерејски Синод и претставува пилот-верзија, чија цел, покрај основната, е и да се приберат повратни информации, коментари и сугестии од корисниците, за тоа како може да се подобри, со цел во иднина поцелосно да им служи на клирот, певците и на сите кои сакаат поактивно да се вклучат во богослужбениот живот на Црквата.
Сите богослужбени напомени во оваа апликација се целосно усогласени со печатеното издание и се составени во соработка со Катедрата за литургика при Православниот богословски факултет на Универзитетот во Белград.
Типикот е богослужбен устав на Православната Црква кој го пропишува редоследот, содржината и начинот на вршење на богослуженијата низ целата црковна година. Тој определува како се служат дневниот, седмичниот и годишниот богослужбен круг, вклучувајќи ги празниците, постите и посебните богослужбени особености. Типикот е темел на богослужбениот поредок во Православната Црква и основен прирачник за сите што учествуваат во богослужбениот живот.
Бесплатната мобилна апликација Типик 2025 служи како водич за правилно богослужење и како помошно средство за свештенството, монаштвото и верниците во практичниот богослужбен живот.