Неговата Светост Српскиот патријарх г.г. Порфириј, на 2 април 2025 година сослужуваше со Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски и на цела Палестина г.г. Теофил, служејќи ја Светата литургија на Преждеосветените дарови на Голгота, во црквата на Воскресението Господово (Црквата на Христовиот гроб) во Ерусалим.
Во летописот на најголемата христијанска светиња ќе остане запишано дека Неговата Светост, Српскиот патријарх г. Порфириј, е првиот во историјата поглавар на една православна Црква, кој заедно со Ерусалимскиот патријарх служел Света литургија на Голгота – местото на Распетието на нашиот Господ и Спасител, Исус Христос.
По завршувањето на Светата литургија, двајцата патријарси, Теофил и Порфириј, се поклонија пред Христовиот гроб. При таа прилика, на ова свето место, Блаженејшиот патријарх Ерусалимски г. Теофил го одликуваше Српскиот патријарх г. Порфириј со највисокото признание на Ерусалимската патријаршија – Орденот на Големиот крст.
Доделувајќи му го ова одликување, што го носат само мал број избрани личности, патријархот Теофил го истакна големото значење на архипастирската и богословската мисија на патријархот Порфириј не само за Српската православна црква, туку и за целото православие.











