Српскиот Патријарх Порфириј ја освети првата куќа на Заедницата „Земја на живите“ во Белград

Како плод на соработката помеѓу Верско-добротворниот старателство на Архиепископијата белградско-карловачка и Заедницата за лекување на зависности „Земја на живите“, основана во Бачката епархија на Српската православна црква, на 10 јануари 2025 година официјално започна со работа шестата куќа за лекување на лица со зависности од психоактивни супстанции, прва во престолниот град – Белград. Чинот на осветување го изврши Неговата Светост, Патријархот српски г.г. Порфириј, кој пред повеќе од две децении, како игумен на манастирот на Светите Архангели во Ковиљ, го започна проектот „Земја на живите“. 

Преку живот во терапевтска заедница во духот на едноставно христијанско семејство, под духовна грижа на свештениците и надзор на врвни стручњаци од повеќе медицински и научни области, во изминатите две децении беа лекувани шест илјади млади жени и мажи. Благодарение на личниот ангажман на Патријархот Порфириј, десетици млади лица, по напуштањето на заедницата, најдоа вработување и основаа семејства. 

По чинот на осветување, Патријархот изјави: 

– Благословени сме што ја осветивме оваа куќа, која е наменета да биде прибежиште за оние кои страдаат од зависности од психоактивни супстанции. Ова не е ништо чудно за нашата Црква, бидејќи милосрдието и љубовта кон ближниот се суштината на Црквата и ја откриваат тајната на Божик – тајната на Божјата љубов кон човекот. Црквата, како Тело Христово, постои, живее и се движи во рамките на оваа тајна љубов и мир. Затоа, љубовта кон ближниот, како својство Божјо, е и својство на Црквата. 

Извор: https://spc.rs/patrijarh-osvestao-novu-kucu-zajednice-zemlja-zivih/