Српскиот Патријарх Порфириј ја посети епархијата Дизелдорфска и Германска на Српската црква

На 23 јуни 2024 година, Српскиот Патријарх Порфириј ја заврши посетата на епархијата Дизелдорфска и Германска на Српската православна црква. Делегацијата, предводена од Патријархот, беше испратена од аеродромот во Хамбург од страна на: Архиепископот Дизелдорфско-Берлински и Митрополит Германски Григориј, Вашингтонско-Њујоршкиот епископ Иринеј и Хумскиот епископ Јован.

Патријархот Порфириј престојуваше во Хамбург од 21 до 24 јуни 2024 година. На 23 јуни, на денот на Педесетница, тој отслужи Литургија во храмот „Св. Архангел Михаил“ во Хамбург. Во таа прилика, Српскиот Патријарх го изврши чинот на големо осветување на храмот. За време на Литургијата, протојерејот Синиша Вујасиновиќ беше одликуван со право на носење граден крст.

За време на престојот во Хамбург, на гробиштата Олсдорф, Патријархот Порфириј отслужи помен за загинатите српски офицери. По отслужениот помен, тој ги посети гробните места на српските офицери, загинати во Втората светска војна. Исто така, Патријархот ја посети парцелата, која во Хамбург е доделена за погребување на српските парохијани. Тој го посети и спомен-обележјето за убиените во логорите од 1939 до 1945 година.

На Светиот архијерејски собор на Српската православна црква во мај оваа година, титулата на надлежниот архијереј на Епархијата Дизелдорфска и на цела Германија е подигната од преосвештен „Епископ дизелдорфски и на цела Германија“ во високопреосвештен „Архиепископ Дизелдорфско-Берлински и Митрополит Германски“.

Извор: https://eparhija-nemacka.com/patrijarh-srpski-porfirije-zavrsio-posetu-eparhiji-diseldorfskoj-i-nemackoj/ , https://eparhija-nemacka.com/pomen-na-groblju-olsdorf/