Неговата Светост, српскиот патријарх г. Порфириј, заедно со високопреосвештените митрополити бањалучки г. Ефрем и зворничко-тузлански г. Фотиј, како и преосвештените епископи бихаќко-петровачки г. Сергиј и викарниот марчански г. Сава, на 27 февруари годинава во Бања Лука, Босна и Херцеговина, го посети г. Милорад Додик, претседател на Република Српска, заедно со неговите најблиски соработници.
Претседателот Додик го запозна Неговата Светост Патријархот и архиереите со начинот на кој институциите на Република Српска ќе одговорат на правното насилство што континуирано се врши врз Српска од 1995 година, кога го стави својот потпис во Дејтон и стана дел од државната заедница Босна и Херцеговина. Тоа насилство, како што истакна, кулминира со монтираниот и политички мотивиран процес пред Судот на Босна и Херцеговина. Претседателот Додик нагласи дека раководството на Република Српска е обединето и решително да го брани Дејтонскиот устав на Босна и Херцеговина со политички и правни средства, бидејќи тој претставува единствен можен рамковен модел за живот во земјата. Тој изрази благодарност до патријархот Порфириј и архијереите за нивното разбирање и поддршка, оценувајќи дека улогата на Црквата е од незаменливо значење за зачувување на идентитетот на српскиот народ во овој регион.
Неговата Светост Патријархот г. Порфириј, заедно со сите архиереи на Српската православна црква во Босна и Херцеговина, изрази единствен став дека очигледна цел на пресудата на Судот на Босна и Херцеговина е поништување на демократски изразената волја на српскиот народ и со тоа делегитимирање на постоењето на Република Српска, а со тоа и на целиот српски народ во Босна и Херцеговина.
„Посебно апелирам до сите носители на власта да преземат одговорност за зачувување на мирот, а меѓународните воени единици (ЕУФОР) да направат сè во рамките на својот мандат за да ги намалат тензиите и антагонизмите, наместо да претставуваат закана за која било заедница“ – заклучи поглаварот на Српската православна црква.
