Неговата Светост Српскиот патријарх г.г. Порфириј, на 5 ноември 2024 година во Патријаршиската палата во Белград, разговараше со г. Владимир Толкач, амбасадор на Република Украина.
Патријархот, откако изрази добредојде, потсети на вековните братски односи меѓу српскиот народ и народот на Украина. Поглаварот на Српската православна црква истакна дека за православните Срби, колку што е болно сознанието за страдањата на луѓето во различни делови на светот, уште поболно е сознанието дека едноверни браќа страдаат во меѓусебни борби ширум Украина. „Тоа е тројна болка. Прво, затоа што православни се во меѓусебен конфликт; второ, бидејќи тоа се големи страдања и уништувања; и трето, затоа што има големи грешки во решавањето на црковното прашање во таа земја, за што Српската православна црква има јасен и повеќепати изразен став“ – рече светејшиот патријарх Порфириј.
Амбасадорот Толкач му изрази сочувство на Неговата Светост и на православниот српски народ по повод трагичното страдање во Нови Сад, како и зборови на благодарност за христијанскиот прием на бегалците од Украина.
На приемот присуствуваа протојереј Ѓорѓе Стојисављевиќ, шеф на Кабинетот на српскиот патријарх и г-ѓа Оливера Јовановиќ, главен и одговорен уредник на Православље, весник на Српската патријаршија.
Извор: https://spc.rs/patrijarh-porfirije-razgovarao-sa-ambasadorom-ukrajine/