Српскиот Патријарх Порфириј, на 4 мај 2025 година, во Парохискиот дом на храмот Свети Сава во Врачар, оствари разговор со Коптскиот Патријарх Тавадрос, поглавар на Коптската (дохалкидонска) Црква, кој е во гостопримство на Владата на Република Србија.
Коптскиот поглавар претходно присуствуваше на светата Литургија во храмот „Свети Сава“, на која чиноначалствуваше Патријархот Порфириј, со сослужување на локалниот клир.
Во срдечниот разговор двајцата поглавари разменија мислења за животот на Црквата во услови на искушенија; сведочењето на верата во современиот свет; положбата на христијаните во Египет; како и за значењето на Христовото Воскресение како извор на надеж и обнова. Во поздравниот говор Патријархот Порфириј потсети на историската посета на свети Сава на Египет, истакнувајќи дека првиот српски архиепископ ја препознал светоста на таа древна земја и нејзиното значење во историјата на спасението.
