Српскиот Патријарх Порфириј разговараше со Митрополитот Андреј од Грузија

Неговата Светост Српскиот патријарх Порфириј, на 16 декември 2025 година, во просторите на патријаршијата во Белград, разговараше со Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Гориски и Атенски Андреј од Грузиската Патријаршија.

На почетокот на разговорот, гостинот ги пренесе братските поздрави од Неговата Светост, патријархот на Тбилиси и на цела Грузија Илија. Митрополитот Андреј му се заблагодари на Патријархот Порфириј за срдечниот прием, нагласувајќи дека двата братски народа не ги поврзува само една вера, туку и многу слична историја.

Патријархот Порфириј ја истакна неопходноста од соборност и братски средби, кои треба да ги поврзуваат и зацврстуваат во Христа сите православни христијани. „Само преку заедништво и со Христос можеме да им одолееме на сите неволји, кои сè повеќе се умножуваат во современиот свет“, порача Патријархот Порфиријe.

Заклучувајќи ја братската средба, соговорниците го истакнаа значењето на дијалогот и меѓусебното уважување, како и потребата православните христијани, и покрај тешките околности, да истраат во верата, секогаш полагајќи ја својата надеж во Господа.

На средбата присуствуваа: јеромонахот Илија, економ на манастирот Атенски Сион, и монахињата Гаврила, намесничка на манастирот насСветиот апостол Андреј Првоповикан.

Извор: https://spc.rs/sr/news/aktuelno//15343.patrijarh-porfirije-razgovarao-sa-mitropolitom-gorijskim-andrejem-iz-gruzije.html