Српскиот Патријарх Порфириј разговараше со Митрополитот Атанасиј од Кипарската Црква и игуменот Ефрем Ватопедски

Неговата Светост Српскиот патријарх г.г. Порфириј на 28 април 2025 година во просториите на патријаршијата во Белград имаше средба со Високопреосвештениот Митрополит Лимасолски г. Атанасиј од Православната Црква на Кипар и со Високопреподобниот архимандрит Ефрем, игумен на светогорскиот манастир Ватопед – известува интернет страницата на Српската патријаршија.

За време на срдечната средба, соговорниците разменија мислења за значајни теми поврзани со животот и мисијата на Православната Црква во современиот свет. Посебно внимание беше посветено на негувањето на братските односи меѓу српскиот и грчкиот народ, како и на духовната поврзаност на овие помесни Цркви. Почитуваните гости го замолија Патријархот за благослов и за отстапување на дел од светите мошти на Преподобниот Јустин Ќелиски и Светиот Николај Жички, со кои духовно и историски се поврзани.

На средбата присуствуваа и неговото Високопреосвештенство Митрополитот Шумадиски г. Јован, протоѓаконот д-р Драган Радиќ – професор на Богословскиот факултет во Белград и ѓаконот Никола Костиќ – секретар на Кабинетот на Српскиот патријарх.

Извор: https://spc.rs/sr/news/aktuelno//13904.patrijarh-porfirije-razgovarao-sa-mitropolitom-atanasijem-i-igumanom-jefremom.html