Српскиот Патријарх Порфириј се сретна со претставници на Сојузот на православни журналисти

На 22 декември 2025 година, Српскиот Патријарх Порфириј во просториите на патријаршијата во Белград ги прими претставниците на српската редакција на Сојузот на православни журналисти и на главната филијала на овој медиум. Претстоителот на Српската Црква и претставниците на Патријаршијата срдечно ги пречекаа гостите и им приредија топол прием – известува Сојузот на православни журналисти.

Српската редакција на Сојузот на Неговата Светост му ги претстави деталите од својата дејност, како и принципите и идеите врз кои се заснова работата на овој медиумски проект кој ги обединува гласовите на православните верници од различни земји на една платформа.

Патријархот Порфириј позитивно го оцени трудот на православните новинари и ја истакна важноста од претставување на конзервативниот, православен поглед на светот пред пошироката публика. Неговата Светост го поддржа работењето на Сојузот и го даде својот пастирски благослов за работа во слава на Христовата Црква.

Српската редакција на Сојузот и основачите на овој медиум изразија искрена благодарност за топлиот прием и благословот на Српскиот Патријарх.

Извор: https://savezpn.rs/news/87507-patriarkh-porfirie-primio-redaktsiu-spn-a