Српскиот Патријарх Порфириј се сретна со родителите на децата кои се лекуваат во Србија по трагедијата во Кочани

Неговата Светост Патријархот Српски г.г. Порфириј на 21 март 2025 година служеше акатист кон Пресвета Богородица во храмот „Свети Сава“ во Белград.

На крајот од богослужбата, Патријархот Порфириј упати архипастирска поука до благочестивиот народ, во која, помеѓу останатото, кажа:

„Вечерва се молевме и за сите трагично пострадани во Северна Македонија, во Кочани. Се молевме Бог да ги настани нивните души во Својата близина и за шеснаесеттата по ред жртва под новосадската црна и трагична настрешница, за Вукашин. Се молевме вечерва и заедно со родителите на оние кои сега се наоѓаат тука, во Белград, во болница, оние кои исто така тешко пострадаа во Кочани. Се молевме вечерва за нив, и ве повикувам сите да се молиме непрестајно, од длабочината на своето битие, и на Пресвета Богородица и на нашиот Господ Исус Христос, за да им дадат љубов и благодат, сила на родителите, а и вештина и знаење – љубов и грижа веќе има – на сите лекари кои се грижат за оздравувањето на сите од Кочани што се наоѓаат овде во Белград. Да оздрават што побргу и да се вратат дома. На родителите на Вукашин им изразуваме длабоко сочувство и се молиме за покој на душата на нивниот син.“

По богослужбата, Патријархот Порфириј разговараше со родителите на младите од Македонија кои се на лекување во Србија по големата трагедија во Кочани. Сите тие дојдоа во храмот „Свети Сава“ за да се помолат на Господа и на Пресвета Богородица за своите деца. Во разговорот со Неговото Блаженство, родителите изразија голема благодарност за помошта што ја добиле од браќата Срби. Во здравствените установи во Србија во моментов се згрижени триесет пациенти кои се тешко повредени во пожарот во Кочани.

Извор: https://spc.rs/sr/news/aktuelno//13582.patrijarh-porfirije-sa-roditeljima-dece-koja-se-lece-u-srbiji-posle-tragedije-u-kocanima.html