Српскиот Патријарх Порфириј со изјава против насилството на протестите во Белград

Официјалната интернет страница на Српската православна црква на 16 јануари годинава ја објави изјавата од Неговата Светост Патријархот Српски г.г. Порфириј поврзана со инцидентот на протестите во Белград, кога кола удри во студентите кои протестираа и тешко повреди една студентка. Во изјавата се вели:

„Длабоко сум потресен од денешниот настан во Белград, кога студентка на Правниот факултет беше удрена со автомобил и тешко повредена. Очекувам виновниците за овој чин да одговараат пред законот. Се молам на Господа Исцелителот, за брзо закрепнување на Соња од повредите. Пак и повторно предупредувам дека агресијата и насилството никому нема да донесат добро, а сите ги повикувам на мир и меѓусебно почитување.“

Извор: https://spc.rs/patrijarh-porfirije-agresija-i-nasilje-nikome-nece-doneti-dobro/