По светата Литургија на празникот светите првоврховни апостоли Петар и Павле, на 12 јули 2026 година, Неговата Светост Српскиот патријарх г. Порфириј, учествуваше во акцијата за доброволно дарување крв, која во Парохискиот дом при храмот „Свети Сава“ во Белград ја организираше Институтот за трансфузија на крв на Србија, во соработка со Српската Православна Црква.
Неговата Светост Патријархот е редовен учесник во акциите за доброволно дарување крв и го повикува верниот народ секогаш да ги поддржува овие човекољубиви акции.
