Неговата Светост Српскиот патријарх г. Порфириј пристигна на 7 октомври 2026 година, во доцните вечерни часови, во Мелбурн, Австралија, каде што беше пречекан од Неговото Високопреосвештенство митрополитот Австралиско-новозеландски г. Силуан.
За пречекот да помине во духот на народното творештво се погрижија членовите на фолклорни друштва од неколку градови во австралиската сојузна држава Викторија, кои изведоа народни песни и ора.
Патријархот Порфириј е третиот поглавар на Српската Црква кој приредил посета на верниот народ на Петтиот континент. Во 2004 година тоа го стори блаженоупокоениот патријарх Павле, а во 2016 година блаженоупокоениот патријарх Иринеј.
Во придружба на Патријархот Порфириј се и Високопреосвештените митрополити Тимочки Иларион и Нишки Арсениј и Преосвештените епископи Бихаќко-петровачки Сергиј и Ваљевски Исихиј.
На пречекот беа присутни и митрополитот Среднозападноамерикански г. Лонгин, бројни свештенослужители, претставници на општествените организации на српската дијаспора во Австралија и верници.
Во рамки на посетата, патријархот Порфириј на 10 и 11 октомври ќе служи Литургии во манастирот „Св. Сава“ во Илајн и во храмот „Св. архиѓакон Стефан“ во Кизборо, каде што ќе изврши и осветување на храмот.
На 14 октомври, на празникот Покров на Пресвета Богородица, патријархот ќе служи Литургија во манастирот „Св. Сава“ – Нови Калениќ кај Канбера. Потоа посетата продолжува во Сиднеј, каде што на 17 октомври ќе има Литургија и осветување на храмот „Раѓање Христово“ во Варовил, а на 18 октомври Литургија со осветување на камен-темелникот при Колеџот „Свети Сава“.







