Неговата Светост Патријархот српски г. Порфириј на 1 септември 2026 година началствуваше со светата Литургија во Српската православна богословија „Свети Сава“ во Белград.
По завршувањето на светата Литургија беше извршен и чинот на Призив на Светиот Дух на почетокот на новата учебна година. По тој повод, Патријархот одржа беседа во која го даде својот отечки благослов за претстојната учебна година и ги поздрави сите професори, вработени и ученици на Богословијата. Патријархот укажа дека верата во Христа е темел и основа на нашето постоење. Надвор од верата во Бога постојат многу стварности на човечката досетливост, но надвор од верата во Христа нема Божја љубов и полнота на нашето постоење. Обраќајќи им се на учениците на богословијата „Свети Сава“, Неговата Светост нагласи дека Господ некои поединци ги благословил со посебен избор. Изборот да се запише Богословијата е самата Божја тајна што им е дадена на поединци за да служат на светата Литургија и на Христовата Тајна, нагласи Патријархот.
На Претстојателот на Српската православна црква му сослужуваа: архимандрит Нектариј, главен секретар на Светиот Архијерејски Синод; архимандрит Данило, директор на Патријаршиската управна канцеларија; протојереј Ѓорѓе Стојисављевиќ, началник на Кабинетот на Патријархот српски; протојереј-ставрофор Радивој Паниќ, духовник на Богословијата „Свети Сава“.
Во придружба на ректорот на богословијата „Свети Сава“, протоѓакон Радомир Вруќиниќ, Патријархот српски г. Порфириј ги посети реновираните и адаптирани простории на прочуениот црковно-просветен завод во Белград.
Потоа следеше прием за родителите на учениците, за време на кој беа дадени упатства за однесувањето на учениците во интернатот и за време на школувањето во Богословијата.





















