Став на манастирите во Грција за прогонот на Украинската православна црква

Грчките црковни медиуми ја пренесуваат следната заедничка изјава на голем број манастири и тихувалишта во Грција во врска со прогонот на Украинската православна црква.

Гонењата на Украинската Православна Црква

„А сите што сакаат побожно да живеат во Христа Исуса,
ќе бидат гонети“ (2Тим. 3, 12).

Гонењето е обележје на вистинитоста на христијанскиот живот, според апостол Павле, а според Господа: „Блажени се гонетите заради правда, зашто нивно е царството небесно“ (Мт. 5, 10). 

Во време кога владее насилството на оружјето, а човештвото се наоѓа на работ на нуклеарен холокауст, и ние ги обединуваме нашите гласови и молитви со оние на многу православни патријарси, архиереи, клирици и монаси во поддршка на беспоштедно гонетата Украинска Православна Црква (УПЦ) под раководство на Митрополитот Киевски и на цела Украина, Онуфриј. 

Како што е познато, по незаконското одземање на многу храмови и манастири, како и апсењата, гонењата и затворањата на архијереи од страна на украинската држава во изминатите години, на 20 август 2024 година, украинскиот парламент го усвои завршниот закон 8371/2024, со кој ја стави надвор од законот Украинската Православна Црква предводена од Митрополитот Онуфриј, кого го следи огромното мнозинство украински православни христијани (околу 24 милиони). 

Со овој закон, Украина – земја со „европска ориентација“ – се враќа во времето на Хитлер и Сталин, легализирајќи ги прогоните и репресијата, омразата и клеветите, заплената и запечатувањето на храмовите на УПЦ, нападите и упадите, кои дури завршуваат и со крвопролевање. 

Еден од показателите за ова насилство беше насилното преземање на црквата „Св. Архангел Михаил“ на УПЦ во Черкаси на 17 октомври 2024 година: 

Во ноќта на 17 октомври, околу 3 часот наутро, околу 100 лица во камуфлажни униформи и со покриени лица упаднаа во катедралата. Напаѓачите се обидоа со сила да ја преземат катедралата. Кога група верници на УПЦ, предводена од Митрополитот Черкаски и Каневски Теодосиј, се обидоа да ја одбранат, напаѓачите отворија оган врз нив со воздушен пиштол, фрлија хемиски супстанции и претепаа и повредија десетици луѓе, вклучувајќи го и Митрополитот Теодосиј и свештениците на црквата. Некои верници успеаја да го снимат нападот и да го објават на интернет. 

Кај многу од жртвите, меѓу кои и кај Митрополитот Теодосиј, беа дијагностицирани повреди: потрес на мозокот, изгореници на рожницата и кожата. Подоцна, во осквернавената катедрала се собраа свештеници на самопрогласената „автокефална Украинска Православна Црква“ (УПЦ), поддржана од државата, и одржаа „молитва“. 

По крвавиот напад, Митрополитот Теодосиј им се обрати на своите верници со следниве зборови: 

„Заедно со вас направивме сè што можевме. Се обидовме да ја заштитиме црквата од разбојниците. За жал, нема начин да се спротивставиме на насилството. Ќе се обидеме да ја бараме правдата на суд, но знаејќи како во нашата земја се решаваат сите случаи – исклучиво врз основа на политичка целисходност – шансите се минимални“.

За жал, прогоните продолжуваат со несмалена жестокост… 

Тука можеме да се повикаме на една претходна изјава на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, кој „силно осудува секој чин на насилство, особено оние насочени кон места на богослужба, како последниот напад врз храмот на Свети Дионисиј во Колонаки, од кој произлегуваат само пораки на љубов, мир и солидарност“. 

На крај, да се молиме искрено кон Кнезот на Мирот, нашиот Господ Исус Христос, да ја омекне тврдоста на срцата на силните на земјата, за да се спречи секој вид насилство и да завладее толку посакуваниот мир во Украина и низ целиот свет. 

Но тоа ќе се случи само ако ние, христијаните од последните времиња, имаме покајание и се одликуваме со трпение, простување и љубов, како што вели Блаженејшиот Митрополит Киевски и на цела Украина Онуфриј.

Среќна и благословена нова година.

Потписи:

Игумен на Светата Обител Ксиропотам, Архимандрит Јосиф со братството во Христа

Игумен на Светата Обител Дохијар, Архимандрит Амфилохиј со братството во Христа

Игумен на Светата Обител Каракалу, Архимандрит Филотеј со братството во Христа

Игумен на Светата Обител Филотеј, Архимандрит Никодим со братството во Христа

Игумен на Светата Обител Констамонит, Архимандрит Харалампиј со братството во Христа

Игумен на Светата Обител Успение на Пресвета Богородица Гиромериу, Теспротија, Архимандрит Методиј со братството во Христа

Игумен на Светата Обител Преображение, Соху, Лангада, Архимандрит Евлогиј со братството во Христа

Игумен на Светата Обител Рождество на Пресвета Богородица, Калипетра, Верија, Архимандрит Палама со братството во Христа

Игумен на Светата Обител Свети Никодим Светогорец, Пиргетос, Лариса, Архимандрит Иринеј со братството во Христа

Игумен на Светата Обител Свети Арсениј Кападокијски, Ормилија, Халкидики, Архимандрит Синесиј со братството во Христа

Игумен на Светата Обител Свети Јован Руски, Певкохори, Халкидики, Архимандрит Григориј со братството во Христа

Игумен на Светата Обител Седржителот и Света Покровителка, Мелисохори, Ореокастро,

Архимандрит Антониј со братството во Христа

Игумен на Светата Обител Света Троица, Гаџеа, Волос, Архимандрит Григориј со братството во Христа

Игумен на Светата Обител Свети Никодим Светогорец, Пајонија, Кукуш, Архимандрит Хризостом со братството во Христа

Игумен на Светата Обител Пресвета Богородица Макариотиса, Домвраина, Тива, Архимандрит Теодосиј со братството во Христа

Игумен на Светата Обител Свети Георгиј, Лагада, Парос, Архимандрит Мелетиј со братството во Христа

Игумен на Светата Обител Живоносен Источник, Лонговардас, Парос, Архимандрит Никодим со братството во Христа

Игумен на Светата Обител Свети Никола, Сиамадес, Каламбака, Архимандрит Макариј со братството во Христа

Игумен на Светата Обител Свети Никола, Андрос, Архимандрит Доротеј со братството во Христа

Игумен на Светата Обител Света Петка, Вахлија, Гортинија, Архимандрит Јероним со братството во Христа

Игумен на Светата Обител Успение на Пресвета Богородица, Валтецинико, Гортинија, Монах Даниел со братството во Христа

Игумен на Светиот Испоснички Манастир Воскресение Христово, Пиреја, Архимандрит Методиј со братството во Христа

Игуменија на Светата Обител Пресвета Богородица Миртидиотиса, Тапсанон, Парос, Монахина Макрина со сестринството во Христа

Настојателка на Светата Обител на Чесниот Претеча, Пиргетос, Лариса, Метох на Светата Обител Свети Никодим, Монахина Христонимфа со сестринството во Христа

Игуменија на Светата Обител Света Троица, Едеса, Монахина Порфирија со сестринството во Христа

Игуменија на Светата Обител Живоносен Источник (Кливока), Гортинија, Монахина Серафимија со сестринството во Христа

Игуменија на Светата Обител Света Троица, Ливади, Еласона, Монахина Теофана со сестринството во Христа

Игуменија на Светата Обител Керници, Витина, Аркадија, Монахина Синглетикија со сестринството во Христа

Игуменија на Светата Обител Свети Лаврентиј, Пилио, Монахина Мариам со сестринството во Христа

Игуменија на Светиот Испоснички Манастир „Пресвета Богородица Достојно Ест“, Месео, Ореокастро, Монахина Евфимија со сестринството во Христа

Игуменија на Светата Обител Брзопомошна, Мандра, Атика, Монахина Февронија со сестринството во Христа

Игуменија на Светиот Испоснички Манастир Света Троица – Свети Нектариј, Егина, Монахина Тимотеја со сестринството во Христа

Игуменија на Светата Обител Пророк Илија, Захолис, Коринтија, Монахина Магдалина со сестринството во Христа

Игуменија на Светата Обител Свети Мина, Перихора, Драма, Монахина Агатангела со сестринството во Христа

Игуменија на Светата Обител Седржителот и Спасителот Христос, Крф, Монахина Евфимија со сестринството во Христа

Игуменија на Светата Обител Свети Архангел Михаил, Тасос, Метох на Светата Обител Филотеј, Света Гора, Монахина Ефремија со сестринството во Христа

Игуменија на Светата Обител Свети Стефан, Свети Метеори, Монахина Христонимфа со сестринството во Христа

Игуменија на Светиот Испоснички Манастир Чесен Претеча, Метаморфози, Халкидики, Монахина Мариам со сестринството во Христа

Игуменија на Светиот Испоснички Манастир Свети Георгиј, Анудро, Монахина Јоана со сестринството во Христа

Списокот на потписи ќе се ажурира со текот на времето.

Извор: https://orthodoxostypos.gr/τοποθέτηση-ἱ-μονῶν-καί-ἱ-ἡσυχαστηρί/