Став на Синодот на Црквата на Грција во врска со воведувањето на нов личен (матичен) број на граѓаните

На 12 и 13 јуни 2025 година, се одржа седница на Постојаниот Свет Синод на Црквата на Грција, под претседателство на Неговото Блаженство Архиепископот Атински и на цела Грција г.г. Јероним.

Постојаниот Свет Синод беше информиран од својата Правна служба и дискутираше за претседателскиот указ со кој се воведува „личен (матичен) број“ со цел постепена замена на бројот на лична карта, даночниот број и бројот на здравственото осигурување, како и поврзување на регистрите на јавниот сектор. Во врска со воведувањето на оваа нова регулатива, имаше реакција од Киновијата на Света Гора, која бараше бројот да не биде задолжителен за сите граѓани.

Ставот на Постојаниот Свет Синод на Црквата на Грција е следниот:

а) при трансакциите на граѓаните со јавниот сектор, идентификацијата нема да се врши исклучиво со „личниот (матичен) број“, туку ќе се продолжи со барање и на лични податоци од матичен карактер (име, презиме, податоци за раѓање и сл.),

б) личниот (матичен) број ги заменува постојните броеви (број на лична карта, даночен број и број на здравствено осигурување) кои веќе ги поседуваат физичките лица. Затоа, во однос на „личниот (матичен) број“ не може да се изнесе ниту теолошка резерва, ниту тврдење за неуставно ограничување на личните слободи (на пример, заштита на лични податоци), бидејќи се заменуваат три постојни регистарски броеви со еден единствен број.

Извор: https://www.ecclesiagreece.gr/ecclesiajoomla/index.php/el/iera-synodos/deltia-typou/oloklerothekan-oi-ergasies-tes-d-i-s-gia-ton-mena-iounio-4