Ерусалимската патријаршија обезбедува целосно покривање на трошоците за средно образование (гимназија и средно училиште) за учениците на Патријаршиското училиште на Сион во Ерусалим. Стипендијата ги опфаќа трошоците за школарина, патување, сместување, исхрана и здравствено осигурување – известува интернет страницата на Патријаршијата.
Наставата во Училиштето на Сион се изведува според наставната програма на Министерството за образование и верски прашања на Грција, а ја реализираат професори испратени од Грција.
Понатаму, во известувањето се вели:
Покрај редовната настава, учениците изучуваат основи на црковно пеење, иконопис (од оваа учебна година), како и арапски јазик. Тие активно учествуваат во животот на Православната патријаршија на Ерусалим како нејзини составни членови, служејќи на различни начини во богослужбениот живот. Воедно се запознаваат со славната историја на Светогробското братство и на Ерусалимската патријаршија преку изучување, но пред сè преку непосреден престој на Светите места – местата осветени од присуството на Господ Исус Христос. По завршувањето на образованието, тие имаат можност да служат како членови на Светогробското братство.
Учениците кои ќе ја посетуваат последната година од гимназијата и сите три години од средното училиште во оваа образовна установа стекнуваат право на статус на припадници на грчката дијаспора, што им овозможува да се запишат на грчките универзитети по полагање на националните приемни испити.
Патријаршиското училиште на Свети Сион се наоѓа во непосредна близина на местото на Тајната вечера и на настанот на Педесетницата.
Заинтересираните кандидати можат да се обратат на:
Одговорно лице за контакт:
отец Василиј Калајѕидис
Телефон (Viber): +30 698 457 6531
Телефон (WhatsApp): +972 50 973 9354
Е-пошта: [email protected]
Веб-страница: https://sxoliagiasion.sch.gr
Фејсбук: https://www.facebook.com/people/Jerusalem-Patriarchal-Zion-Seminary/61581118965036/
Извор: https://jerusalem-patriarchate.info/anakoinothenta/υποτροφιες-φοιτησης-στην-πατριαρχικ/

