Свештеничка средба на Германската Митрополија на Антиохиската Патријаршија

Од 6 до 9 февруари 2026 година, во Антиохискиот Богородичен манастир во Бланкенхајм, во Германската сојузна република Северна Рајна-Вестфалија се одржа годишната свештеничка средба на Антиохиската митрополија на Германија и Средна Европа. Собирот се одржа со благослов и во присуство на Неговото Високопреосвештенство митрополит Исак, како што известува официјалната фејсбук страна на Митрополијата.

На средбата се собраа околу 27 свештеници и ѓакони на Митрополијата. По едногодишен прекин, оваа година средбата повторно можеше да се одржи речиси во целост. Во средиштето на средбата беа заедничката молитва, братската дискусија, како и пастирските прашања од црковниот живот во Германија и Средна Европа.

Средбата започна со Вечерна богослужба. Вториот ден беа отслужени Утрена и Божествена Литургија. Во разговорите што следеа духовниците се занимаваа со актуелни прашања на Митрополијата, направија осврт на пастирската работа во изминатите две години и се советуваа за идните задачи. Посебен акцент беше ставен на темата на проповедта, нејзината подготовка и духовната одговорност на пастирот.

Во рамките на средбата се одржа и разговор со митрополитот на Њујорк и Северна Америка, кој врз основа на своето долгогодишно искуство во црковниот живот на дијаспората даде поттик за поддршка на свештениците и нивните семејства.

Во видео-обраќање објавено на официјалната фејсбук страната на Митрополијата, владиката Исаак им посака на сите верници благословен период на Триодот, како и благословен почеток на постот.

Извор: https://www.facebook.com/reel/2858797401178557