Фотографии: orthodoxianewsagency.gr
Со благослов на Александрискиот патријарх г.г. Теодор, се одржа свештенички собор на свештенството на епархијата Букоба, Западна Танзанија и Руанда. Централна тема на собор беше православниот духовен живот за свештенството и за верните.
На соборот учествуваа и свештениците од Епархијата на Руанда кои отпатуваа да се сретнат со своите браќа свештеници во Танзанија.
Преосвештениот Епископ на Букоба и Западна Танзанија г. Хризостом во своето воведно излагање говореше за покајанието и исповедта, кои оваа година се централна тема за Епархијата. Целта е сето пастирско дело на Епископијата да им донесе покајание на христијаните, како трајна состојба во нашите животи, што ќе доведе до враќање кон Господа и до исповед.
Тој се осврна и на литургиската организираност на парохиите со обука на служителите во олтарот, на псалтите, чтеците, вероучителите и мисионерите. Сите ќе бидат поканети да бидат обучени во јули, на семинари организирани од Епархијата.
Свештениците изнесоа свои видувања поврзани со светата причест, исповедта, молитвата, Светото Писмо, постот и милостината, кои се основни елементи на православниот духовен живот.
Свештениците разговараа и за создавање на братство за меѓусебна помош на свештениците на епархијата со цел да се поддржат свештеничките семејства.
Следуваше опширен дијалог меѓу владиката и свештениците за теми поврзани со епархијата, парохиите и свештеничките семејства.
Свештениците беа информирани за прашањата на Епархијата, програмата на младинските кампови и семинариите. Тоа беше важна средба која го оформи единството на свештениците и зацрта курс на духовен напредок на членовите на нашата православна црква, која е единственото богатство на верата што води кон спасение на верниците.