На 14 јануари 2025 година, на својата редовна седница, Светиот Синод на Бугарската православна црква (БПЦ) го разгледа доставеното писмо од Неговото Високопреосвештенство Врачанскиот митрополит Григориј, намесник на испразнетиот Видински епархиски престол, и врз основа на член 85, став 1 од Уставот на БПЦ ја одреди следната листа со епископи кои може да се кандидати за претстојниот избор за нов Видински митрополит:
– Велички епископ Сиониј
– Мелнички епископ Герасим
– Смоленски епископ Висарион
– Константијски епископ Михаил
– Браницки епископ Пахомиј
– Главинички епископ Макариј
– Велбуждски епископ Исак
– Знеполски епископ Мелетиј
Се очекува, согласно Уставот на БПЦ, член 85, намесникот на испразнетиот Видински епархиски престол – Врачанскиот митрополит Григориј – да ја испрати со окружно писмо листата со достојни епископи до сите епархиски избирачи.
Изборот на двајца кандидати за нов Видински митрополит ќе се одржи на 2 февруари 2025 година во град Видин. Овој избор го прават епархиските избирачи.
Конечниот избор од двајцата кандидати ќе го направи Светиот Архијерејски Синод на БПЦ на 9 февруари 2025 година.
Извор: https://bg-patriarshia.bg/news/sv-sinod-opredeli-listata-s-dostoizbiraemite-episkopi-kandid–3