Светиот синод на Бугарската православна црква ги објави имињата на тројцата кандидати за Патријарх

Светиот архијерејски синод на Бугарската православна црква ги објави имињата на тројцата избрани кандидати за патријарх на Бугарската православна црква. Тоа се: Григориј Врачански – со 11 гласа, Гавриил Ловчански – со 9 гласа и Даниил Видински – со 9 гласа.

„Светиот Синод на Бугарската православна црква во полн состав, согласно протокол број 11, пристапи согласно член 45 на Бугарската православна црква – Бугарска Патријаршија, почитувајќи ги барањата на член 40 од истиот устав, со тајно гласање за тројца епархиски митрополити како достојни кандидати да го заземат патријаршискиот престол. По проверка на подадените ливчиња се утврди дека со гласовите на 2/3, избрани се Врачанскиот митрополит Григориј – со 11 гласа во првиот круг, Видинскиот митрополит Даниил – со 9 гласа по 32-от круг и Ловчанскиот митрополит со 9 гласа по 42-от круг,” изјави портпаролот на Светиот Синод Старозагорскиот митрополит Кипријан.

Девет од митрополитите имаат право да бидат избрани за патријарх според Уставот на БПЦ, тоа се: Јосиф, Григориј Великотрновски, Игнатиј, Гаврил, Николај, Јован, Наум, Григориј Врачански и Даниил.

Барањата на кои требаше да одговараат кандидатите се: „Тие треба да имаат 50-годишна возраст, најмалку 5-годишна митрополитска служба и праведен начин на живот. Оние тројца кои ќе соберат две третини од гласовите на вкупно 14 митрополити, ќе бидат претставени на патријаршискиот собор следната недела“, посочи старозагорскиот митрополит Кипријан.

Набргу по смртта на патријархот Неофит, митрополитот Николај изјави дека не сака да биде предложен за позицијата, а утрово и митрополитот Јосиф изјави дека ќе се повлече.

Извор: https://bntnews.bg/news/svetiyat-sinod-izlachi-trimata-kandidati-za-patriarh-1282770news.html