Светиот Синод на Романската Православна Црква потврди канонизирања, избор на епископи и нов литургиски празник

Светиот Синод на Романската Православна Црква одржа работна седница во Aula Magna „Патријарх Теоктист“ во Патријаршиската Палата, од 1 до 2 јули 2025 г., под претседателство на Неговото Блаженство Патријархот Даниел.

Светиот Синод усвои неколку одлуки поврзани со пастирската и мисионерската дејност, вклучително:

– Канонизација на 16 жени со свет живот (маченички, монахињи, сопруги на владетели, мајки на светители и исповеднички), како што е наведено во соопштението за медиумите од 1 јули.

– Синодот со тајно гласање го избра преподобниот архимандрит Самуил Кристеа, духовен советник на Православната богословија „Митрополит Николај Колан“ во Клуж-Напока, за викарен епископ на Архиепископијата на Вад, Фелеак и Клуж, со титулата: Преосвештен епископ Бистрицки Самуил.

– Синодот со тајно гласање го избра високопреподобниот архимандрит Теофил Анастасоае, претставник на Романската патријаршија во Светата земја и началник на романските населби во Ерусалим, Ерихон и Јордан, за викарен епископ на Архиепископијата Романска и Бакауска, со титула:  Преосвештен Епископ Тротушки Теофил.

– Синодот го одобри црковниот календар за 2026 г.

– Синодот воведе „Ден на воениот клир“ што ќе се одбележува на 26 октомври.

– Синодот го усвои востановувањето на „Недела на Атонските Светии“, што ќе се празнува во третата Недела по Педесетница, заедно со предложените текстови за тропар и кондак на овој празник.

– Светиот Синод ги усвои новите литургиски текстови: за службата на Светите маченици Ина, Пина и Рима (20 јануари), за извршување на службата од Минејот за св. апостол Филип (14 ноември) и маченикот Бонифациј (19 декември), за тропарот и кондакот на светите од семејството на св. Василиј Велики (19 јули).

– Синодот ја одобри ажурираната постапка за дарување, примање и носење за поклоништво на свети мошти во Романската православна црква.

– Синодот го потврди расчинувањето на поранешниот епископ Хушиски Корнилиј Онила, со враќање во статус на обичен монах. Тој моментално е покајнички монах во затворот Бакау.

– Синодот усвои механизми за финансиска поддршка на социјалната мисија Ѓаконија (diaconia.md) на Бесарабската митрополија, чии проекти беа засегнати од прекинот на меѓународното финансирање.

– Синодот со жалење го констатира континуираното, неоправдано и навредливо одбивање од страна на украинските јавни власти, законски да го признаат верското здружение „Романска православна црква во Украина“, иако ги исполнува сите услови кои се утврдени со  сегашното украинско законодавство. Синодот одобри да продолжи поддршката на романските православни заедници во Украина.

Извор: https://basilica.ro/en/holy-synod-approves-canonizations-episcopal-elections-and-new-liturgical-feast/