Светогорскиот старец Рафаил (Берестов) се упокои во Господа

На 94-годишна возраст во Господа се упокои познатиот светогорски старец, јеромонах Рафаил (Берестов).

Последните денови од својот земен живот отец Рафаил ги помина во една од болниците во Солун, Грција, каде што беше хоспитализиран по претрпен мозочен удар. И покрај вложените напори на лекарите, на 22 јули 2026 година старецот се упокои во Господа.

Во младоста, по тешка болест, дал завет дека ќе прими монаштво и во 1961 година станал послушник во Троице-Сергиевата лавра покрај Москва, каде што се подвизувал повеќе од дваесет години. Во 1966 година бил замонашен, во 1993 година бил ракоположен за јеромонах, а во 1994 година примил велика схима. Во различни периоди служел и се подвизувал во планински скит во Абхазија, во Валаамскиот манастир и во Крстовата пустина на Кавказ, а од крајот на 1990-тите години се подвизува на Светата Гора Атон.

Отец Рафаил беше широко познат како ревносен духовник. Во своите проповеди го критикуваше екуменизмот и често говореше за потребата од покајание и духовна трезвеност.

Извор: https://spzh.eu/ru/news/94562-afonskij-starets-rafail-berestov-otoshel-ko-hospodu-v-hretsii