На 18 август оваа година, Неговото Блаженство Патријархот Антиохиски и на целиот Исток г.г. Јован оствари телефонски разговор со Неговото Блаженство Архиепископот на Кипар г.г. Георгиј. За ова известува информативната служба на Антиохиската патријаршија.
Во продолжение следи целото известување за овој разговор од Антиохиската патријаршија.
Патријархот Јован X, Православен Патријарх на Антиохија и целиот Исток, ја потврди длабочината на односот што ја поврзува Антиохиската Црква со Кипарската Црква. Ова го изјави Патријархот за време на телефонскиот разговор со Архиепископот на Кипар Георгиј. Патријархот ја истакна длабочината на односите меѓу двете цркви и врските на историјата и географијата, како и братството на верата што се одразува во текот на две илјади години. Разговорот се фокусираше на начините за зајакнување на братските односи и неопходноста од активирање на мостовите за комуникација во православниот христијански свет во услови на светски конфликти. Исто така, беше дискутирана и улогата и важната мисија на Средноисточниот Совет на Цркви во услови на предизвици со кои се соочува регионот.
Извор: https://www.antiochpatriarchate.org/ar/page/لبطريرك-يوحنا-العاشر-في-اتصال-مع-رئيس-أساقفة-قبرص/2748/