Неговото Блаженство Јован Десетти, Патријарх Антиохиски и на целиот Исток, оствари телефонски разговор со Светејшиот Патријарх Цариградски Вартоломеј – известува интернет страницата на Антиохиската Патријаршија на 22 февруари 2025 година.
Во разговорот, Неговото Блаженство изрази благодарност од свое име и од името на Антиохиската црква до Патријархот Вартоломеј за неговите напори во обезбедувањето на монтажни куќи во Арсуз, во областа Искендерун во Турција, преку здружението „RumVaDer“. Овие региони во Турција се под јурисдикција на Антиохиската Патријаршија, а беа погодени од катастрофален земјотрес пред две години, во февруари 2023 година. „Ги цениме Вашите напори и ви благодариме од срце за Вашиот труд во обезбедувањето на монтажни куќи во Арсуз“ – истакна Антиохискиот Патријарх.
Патријархот Јован нагласи ја историската длабочина на односите меѓу Антиохиската и Цариградската патријаршија, кои постојано се потврдуваат, а сега особено со овој чекор по неодамнешниот земјотрес.
Од своја страна, Патријархот Вартоломеј истакна колку е важно христијанското присуство на Блискиот Исток и неговата клучна улога во ова време на значајни промени во регионот.
