Официјалната интернет страница на Цариградската Патријаршија на 7 август годинава го објави следното известување:
„Неговата Сесветост Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј денес, среда, 7 август 2024 година, телефонски му се јави на Неговото Блаженство Патријархот на Антиохија г. Јован и му ги изрази загриженоста и интересот на Светата Велика Христова Црква за загрижувачката состојба во Либан и пошироко во областа под негова јурисдикција, и го увери во своите молитви и молитвите на сите во Фанар за надминување на опасностите и продолжување во мир и безбедност на неговото првосвештеничко служење, како и за животот и делата на искушуваните христијаните кои се под негова грижа.
Неговото Блаженство топло му се заблагодари на братот од Цариград и го информира дека во моментов тој и неговите соработници не се во непосредна опасност, и го замоли да продолжат молитвите и прозбите за нив до Кнезот на мирот, Христос.“
Извор: https://ec-patr.org/ἐπικοινωνία-πατριαρχῶν-κωνσταντινο/