На 10 декември 2024 година Патријархот Цариградски г.г. Вартоломеј оствари телефонски разговор со Антиохискиот Патријарх г.г. Јован – известува интернет страницата на Цариградската патријаршија.
Во братскиот разговор, Патријархот Вартоломеј ја изрази од името на Цариградската Патријаршија и лично од свое име, длабоката загриженост за состојбата на јерархијата, свештенството и верниците на Антиохиската Патријаршија, и ја потврди апсолутната поддршка и молитвата за нивна безбедност и стабилност.
Цариградската патријаршија упатува апел до сите надлежни политички лидери да го почитуваат животот и интегритетот на луѓето, како и историските христијански споменици во Сирија и целокупното културно наследство на земјата.
„По повод претстојниот празник на Рождеството Христово, Кнезот на мирот, Светата Христова Голема Црква се моли Господовиот мир, кој ги надминува сите умови, да владее во земјата, во поширокиот регион и во целиот свет, за луѓето и народите да живеат во безбедност и благосостојба“ – завршува известувањето.
Извор: https://ec-patr.org/τηλεφωνική-ἐπικοινωνία-οἰκουμενικο/