Телефонски разговор на Московскиот со Антиохискиот Патријарх

На 12 декември 2024 година се одржа телефонски разговор помеѓу Неговата Светост, Патријархот Московски и на сета Рус г.г. Кирил, и Неговото Блаженство, Патријархот на Велика Антиохија и на целиот Исток г.г. Јован Х.

Светејшиот Патријарх Кирил го увери претстојателот на Антиохиската патријаршија во своите молитви за неговото Блаженство и за целата Антиохиска православна црква, која моментално минува низ тешки искушенија.

„Рускиот народ е близок на вашиот народ, а нашата Црква – на вашата Црква, Ваше Блаженство. Сакам да ја изразам нашата поддршка и надеж дека овие привремени тешкотии ќе поминат, а мирот и правдата ќе бидат со Вас и со Вашиот народ. Ние ќе направиме сѐ што е можно за да продолжиме да ја пружаме целата можна помош на Светата Антиохиска Црква. Многу е важно нашите цркви да ги задржат блиските врски што ги изградивме“ – истакна Светејшиот Патријарх.

Неговото Блаженство, Патријархот Јован, го информираше соговорникот за актуелната ситуација во различни делови од Сирија, за околностите на сегашниот живот на Антиохиската црква и изрази благодарност кон Неговата Светост за молитвите, грижата и поддршката, споделувајќи надеж за нови средби во иднина.

За време на разговорот, кој се одвиваше во атмосфера на братска љубов, беа разгледани различни прашања од билатералните односи.

Извор: http://www.patriarchia.ru/db/text/6181085.html